Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок

Од:

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ова лето сигурно нема да потпише договор со Реал Мадрид. Французинот сака да потпише нов договор со Парижаните.

– Не, јас го исклучувам тоа 100 проценти. Мислам дека нашиот тим е формиран, а играчите размислуваат за тековната сезона, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти за „Ројтерс“.

Италијанецот додаде дека Реал најверојатно нема да потпише со никој друг во тековниот прозорец, кој се затвора на 1 септември.

Мбапе игра за парижаните од 2017 година. Во сезоната 2022/23, фудбалерот одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, постигна 41 гол и даде 10 асистенции. Неговиот актуелен договор со ПСЖ е до 30 јуни 2024 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спектакуларна промоција на Мбапе пред 80 илјади навивачи на Реал Мадрид

Мбапе не смее да ја носи маската со која тренираше

Предраг Петровиќ

Санирана е повредата на Мбапе, нема потреба од итна операција

Горан Наумовски

Мбапе и официјално потпиша за Реал Мадрид, познато е и кој број ќе го носи

Предраг Петровиќ

Килијан Мбапе потпиша за Реал

(ВИДЕО) Реал е неприкосновениот „крал“: 15 титула во Лигата на шампионите