Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Од:

Пари Сен Жермен направи огромни промени во играчкиот кадар оваа сезона, а едно од многуте засилувања е Марко Асенсио. Неодамнешниот играч на Реал Мадрид пристигна во Париз без обештетување бидејќи му истече договорот, веднаш стана стартер на тренерот Луис Енрике, но не требаше многу да се појават првите проблеми во нивниот однос.

Според мадридскиот весник „АС“, во соблекувалната на парижаните има „нова темпирана бомба“ во форма на Асенсио бидејќи тој воопшто не е задоволен од тоа како изгледаат неговите први недели во новиот клуб. Наводно, Асенсио повеќе не игра за ПСЖ (!?), а главната причина е што доби конкуренција во форма на Усман Дембеле од Барселона. Згора на се, се чини дека и Килијан Мбапе ќе остане во клубот и тоа значи дека минутажата на Асенсио ќе биде се помала.

Асенсио дојде по идејата на спортскиот директор Луис Кампос, кој го „заврши“ трансферот многу пред Луис Енрике да ја преземе тренерската функција. Договорено е да добие тригодишен договор вреден 30 милиони евра, што е двојно повеќе отколку што добиваше во Реал Мадрид, а за потпис доби само 10 милиони евра „на рака“.

Ваквите пари говореа дека Асенсио ќе биде еден од најважните играчи на парижаните оваа сезона, но како што обично се случува – планот се смени во однос на Килијан Мбапе. Кога Мбапе изјави дека сака да остане и се смири со првиот човек на клубот, беше донесена одлука да го ангажира Усман Дембеле – со кој најдобриот фудбалер на Франција е во одлични односи. Од таа равенка полека произлегува дека шпанскиот фудбалер е вишок.

Ќе видиме што ќе се случи во иднина и дали тоа ќе значи заминување на Асенсио од клубот веќе во зима, бидејќи незадоволството може да ја наруши атмосферата и односите меѓу играчите. А летово во ПСЖ пристигнаа и Гонзало Рамос, Милан Скриниар, Канг-ин Ли, Лука Ернандез, Усман Дембеле и Мануел Угарте, додека од Франкфурт се очекува да пристигне и Рандал Коло Муани.

Би можело да ве интересира

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ

Рокот што ПСЖ му го даде на Мбапе истекува денеска

Предраг Петровиќ

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ

ПСЖ го исфрли Мбапе од тимот и порача: „Килијан е на продажба“

Предраг Петровиќ

ПСЖ го направи првиот чекор за да го доведе Влаховиќ

Предраг Петровиќ

Во Париз затекнати од Меси: Аргентинецот ќе остане во ПСЖ, ама под одреден услов