Трофеј тура низ Македонија со највредните фудбалски пехари на УЕФА

Од:

Трофеј турата со највредните фудбалски пехари – Лига на Шампионите, Европска лига и Супер куп на УЕФА од 1 август ја започнува својата турнеја низ девет градови во Македонија. До 8 август легендарните трофеи на УЕФА ќе бидат изложени во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Неготино, Струмица, Штип, Куманово и Скопје.

Во пресрет на најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, финалето на европскиот Супер куп меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, фудбалските фанови во Македонија ќе имаат можност да се сликаат со трофеите и да го тестираат своето фудбалско знаење со учество во различни игри и на тој начин да освојат и симболични награди.

Покрај мултимедијалната изложба во соработка со официјалните спонзори на УЕФА Супер куп – Скопје 2017 ќе бидат организирани фудбалски натпревари меѓу најмладите фанови на мини терени поставени во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Неготино, Струмица, Штип, Куманово и Скопје.

На 1 август трите трофеи ќе бидат изложени во Тетово од 9 до 11 часот, а истиот ден можност да се фотографираат со пехарите од Лига на Шампиони, Европската лига и Супер куп на УЕФА ќе имаат граѓаните на Охрид, како и туристите кои ќе бидат во посета на градот.

Следниот ден (2 август), на големиот македонски празник Илинден, трофеите ќе бидат во Битола од 10-12 часот и во Прилеп од 18- 20 часот. На 3 август во Неготино од 10 до 12 часот и во Струмица од 18 до 20 часот, а на 4 август во Штип од 10-12 часот и во Куманово од 18 до 20 часот.

На плоштадот „Македонија“ во Скопје, големите трофеи на УЕФА ќе бидат изложени на 7 август од 11 до 19 часот и на денот на одигрувањето на Супер купот, 8 август од 11 до 16 часот.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска