Триумф на Куманово во Кавадраци

Од:

Кошаркарите на Куманово со победата на гости синоќа над Фени Индустри само го потврдија третото место на табелата.

Кумановчани славеа со 92:91, а најефикасен на натпреварот беше репрезентативниот бек Александар Костоски со 23 поени. Ова беше последниот натпревар од 10. коло откако претходно беа одиграни дуелите: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 76:85 и Карпош Соколи – Кожув 67:64.

До почетокот на плеј офот останува да се одигра уште одложениот натпревар од 9.коло меѓу Куманово и Работнички што треба да се игра на 19.мај. Без разлика на исходот од тој дуел во полуфиналето од плеј офот ќе играат: МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри и Работнички – Куманово.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 45 бодови, Работнички 43, Куманово 41, Фени Индустри 40, Карпош Соколи 39, Кожув 38.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ