Третиот рекет во Русија, тенисерот Хачанов нема да се вакцинира против коронавирус

Од:

Рускиот тенисер Карен Хачанов изјави дека не сака да се вакцинира против коронавирус.

Светскиот бр.15 е втор тенисер за кој се знае дека има таков став на деликатната тема, откако минатиот месец лидерот во ранглистата на АТП, Новак Ѓоковиќ објави дека е против вакцинирање.

Хачанов, кој моментно е трет рекет на Русија, учествуваше во разговор во живо на Инстаграм со новинарката Марија Команднаја.

– Ако се создаде вакцина за коронавирусот, тие прво мора да ја тестираат, на пример една година.

Но, дури и во теорија, јас би одбил вакцинација, рече 23 годишниот играч, цитиран од „sovsport.ru“.

Хачанов исто така рече дека не очекува професионалната тениска сезона да продолжи пред септември.

– Ако треба да ги погледнеме работите трезвено, тениските турнири ќе се вратат во септември најрано. Ова е во најдобар случај. Тука е покомплицирано отколку во другите спортови затоа што треба да летаме цело време, рече Хачанов.

Тој го сподели и своето мислење за големото трио во тенисот – Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

– Од големите тројца, најтешко ми е да играм против Надал. Неколку пати бев близу до победа против него, но јас никогаш не го победив Рафа. На теренот разбирате дека он е машина. Во решавачките моменти тој не прави грешки, не ве пушта. Тој е како булдог, рече Русинот.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ