Тренерот на Ромa се извини по поразот од 1:7 од Фиорентина

Од:

Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо се извини на навивачите за поразот со 1:7 од Фиорентина во четвртфиналето на Купот на Италија.

Сепак, тој одби да зборува за евентуална оставка, бидејќи не размислувал никогаш по ова прашање.

– Веројатно ова е најтешкиот ден за тимот. Коментарите се излишни. Никогаш порано не сум бил во таква ситуација. Сега треба само да се извинам на навивачите, кои патуваа до Фиренца, како и на сите останати во Рим. Можам да повторам „извинете“ сто пати. Сега тимот има потреба од поддршка, треба да останеме заедно и да се обединиме. Кога станува збор за таков хорор, мора да го преживееме заедно, изјави Италијанецот по мечот.

Тој додаде дека нема потреба за дополнителна казна за играчите затоа што тие веќе ја добиле на теренот.

– Ние ќе разговараме за ситуацијата со тимот, мора да ги решиме проблемите. Можам веднаш да кажам дека немам намера да поднесам оставка. Никогаш не сум размислувал за тоа, рече Франческо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Рома на лето ќе се обиде да го убеди Клоп да го води тимот

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска