Главниот тренер на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино, добил позитивен тест на коронавирусот, соопшти францускиот фудбалски клуб.
Четириесет и осумгодишниот фудбалски стручњак е изолиран и ќе го следи медицинскиот протокол, додадоа од клубот.
ПСЖ на утрешниот натпревар против Анжи ќе го водат неговите помошници Хесус Перез и Мигел Д’Агостино.