Министерот за надворешни работи Бујар Османи, им додели дипломатски пасоши на фудбалските репрезентативци, Александар Трајковски и Енис Барди, како и на селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски.
„Не само со победите над фудбалските велесили како што се Италија и Германија, туку и со севкупниот ваш придонес во успехот на нашиот национален тим, вие веќе сте нашите спортски дипломати и амбасадори, па најмалку соодветно е да го имате и симболот на дипломатијата – дипломатскиот пасош за вашите чести патувања“, истакна Османи при средбата.
Нашата репрезентација веќе утре патува во Португалија, каде на 29 март ќе играат домаќинот за пласман на Мундијалот во Катар.