Трагедија на Швајцарските Алпи – во лавина загинаа поранешна шампионка во сноубординг и нејзиниот водич

Од:

Поранешната светска првенка во сноуборд, Французинката Жули Помагалски (40), го загуби живот во лавина на швајцарските Алпи.

Помагалски во 1999 година го освои златниот медал во сноуборд крос, а учествуваше и на зимските Олимписки игри во Солт Лејк Сити во 2002 и во Торино во 2006 година.

Француската Скијачка федерација соопшти денеска дека Помагалски загинала во вторникот, не прецизирајќи ја локацијата на несреќата.

Француските и швајцарските медиуми, пак, повикувајќи се на полициско соопштение, јавија дека несреќата во која загинале вкупно две лица, а едно е повредено, се случила на планината Гемшток, во швајцарскиот кантон Ури.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски

Несреќа во познат скијачки центар: лавина однесе двајца скијачи

Предраг Петровиќ

Снежна лавина во Италија затрупа двајца планинари

А1он

Пронајдени се телата на скијачите кои загинаа во лавина на француско-италијанската граница

Ана Ололовска

ВИДЕО: По лавината на француските Алпи пронајдено шесто тело

Ана Ололовска