Несреќа во познат скијачки центар: лавина однесе двајца скијачи

Од:

Жена (28) загина кога лавина зафати тројца германски државјани на планина во Тирол.

Туристката во саботата околу 9 часот со автобус со партнерот (26) и неговиот пријател (32) се упатила кон ски-центарот Кухтаи (Алпи Стубаи). Според тиролската полиција, тие сакале да се искачат на Гаискогел (2.820 метри) со скии и сплитборд и оттаму да се спуштат низ Нодрин.

На врвот стигнале во 11.20 часот, а според полицијата таму снегот бил многу тврд. Младата жена изгубила една од скиите додека се спуштала надолу.

Според полицијата, нејзиниот партнер решил да скија по стрмната источна падина за да ја земе скијата. Кога стигнал на дното, одеднаш бил зафатен во лавина и однесен на околу 20 до 30 метри. Неколку пати се превртувал.

Уште една лавина ја однела 28 годишната девојка уште подлабоко. Била затрупана во снег. Тимот за спасување на планина ги ископа од снегот, но жената не можела да се спаси.

Ова е втора потешка несреќа во Тирол од почетокот на јануари.

Четири лица беа тешко повредени во Австрија кога на 9 јануари се урна кабина на жичарница во ски-центарот Хохец. Австриската новинска агенција објави дека дрво паднало врз сајлата на жичарницата „Ачеркогелбан“ во скијачката област во провинцијата Тирол, и дека кабината се откачила.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски

Снежна лавина во Италија затрупа двајца планинари

А1он

Пронајдени се телата на скијачите кои загинаа во лавина на француско-италијанската граница

Ана Ололовска

ВИДЕО: По лавината на француските Алпи пронајдено шесто тело

Ана Ололовска

ВИДЕО: Објавена снимка од страшната лавина на Алпите која однесе четри животи

Катерина Ѓуровски