Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез призна дека во минатото имал неуспешен обид да го ангажира легендарниот играч на Рома Франческо Тоти.
-Тоти е една од легендите што сите сакаа да ги имаат во неговиот тим. Пред 2006, кога започна мојата ера во Реал Мадрид, му се јавив на Тоти и го прашав дали сака да премине во нашиот тим, но тој ми одговори дека не може да ја напушти Рома, изјави Перез.
Тоти целата своја кариера ја помина во Рома. Тој низ годините добиваше понуди од неколку големи европски екипи, но и остана верен до крај на „волчицата“ и не си замина од „Олимпико“.