Тошак го соопшти списокот со повикани фудбалери за дуелот со Литванија

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Џон Тошак денеска го објави списокот со играчи кои ќе бидат повикани за пријателскиот натпревар со Литванија.

Повик од Тошак добија селдниве 23 фудбалери: Наумовски Кристијан, Богатинов Мартин, Пачовски Томе, Грнчаров Бобан, Георгиевски Даниел, Тодоровски Александар, Новески Николче, Шиков Ванче, Мојсов Даниел, Ристовски Стефан, Попов Горан, Урдинов Јани, Глигоров Никола, Демири Мухамед, Шумуликоски Величе, Спировски Стефан, Хасани Ферхан, Тричковски Иван, Фазли Самир, Пандев Горан, Ивановски Мирко, Ибраими Агим и Трајковски Александар.

Натпреварот Македонија – Литванија ќе се одигра на 15 август на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје со почеток од 20 часот и 30 минути.

Овој дуел ќе биде последен тест за формата на македонските фудбалери пред септемврискиот настап против Хрватска и Шкотска во квалификациите за Светското првенство.

За контролката со Литванијa повикав 20 играчи и 3 голмани, бидејќи сакам на последниот собир пред квалификациите да се видам со повеќето играчи и да и овозможам на федерацијата да обезбеди визи за играчите за Шкотска, патување за кое визната процедура е малку комплицирана. Морам да кажам дека месец август е малку незгоден термин за пријателски натпревар бидејќи играчите се во различни фази на кондициска подготовка и натпреварувачка форма. Дел од нив почнаа со првенствени натпревари, но некои се во фаза на подготовки за новото првенство. Ме радува што сите играчи се во добро здравје и нема повредени, освен Ибраими кој има полесна повреда, која ќе биде санирана до натпреварот со Литванците, изјави Тошак.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ