Торонто заинтересиран за услугите на Робен

Од:

Канадски ФК Торонто ќе се обиде да го привлече крилото на Баерн Минхен, Ариен Робен, тврди „Калчомеркато“. Робен веќе објави дека ќе го напушти германскиот гигант на крајот на сезоната кога му истекува договорот. Во моментов крилото се опоравува од уште една повреда и дури не е јасно дали воопшто ќе игра повеќе за Баерн до крајот на кампањата.

Во Италија, исто така, тврдат дека самиот играч сака да ја продолжи својата кариера во САД. Претходно се шпекулираше за интерес и од Интер, но Холанѓанецот не е склон да игра во Италија.

Претставници на ФК Торонто веќе се поврзале со Робен и спровеле прелиминарни разговори со фудбалерот, кој на крајот на сезоната ќе биде слободен агент.

Во моментов во Торонто играат имиња како Себастијан Џовинко, Жози Алтидор, Мајкл Бредли и сонародникот на Робен – Грегори ван дер Вил.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ