Тони Паркер предлага крај на сезоната во Евролигата без шампион

Од:

Поранешната ѕвезда на Сан Антонио, а сега претседател на АСВЕЛ, Тони Паркер се сомнева во продолжување на Евролигата која е во прекин, како и многу натпреварувања, поради пандемијата на коронавирус. Па, затоа излезе со предлог за прогласување на крај на сезоната без прогласување на шампион.

-Најпаметно би било да се прогласи крај на сезоната без шампион и излегување од лигата по полека да почнеме да се подготуваме за наредното издание. Факт е дека сите ќе претрпат големи загуби, изјави Паркер за „Лекип“.

Паркер е во изолација со семејството во Сан Антонио и апелира до раководството на Евролигата да престане да дава лажна надеж на клубовите дека Евролигата ќе продолжи.

-Ќе биде многу тешко да се дојде до крајот, бидејќи ситуацијата со коронавирусот не е иста во сите земји. Целата состојба зависи од многу држави, но и различни здравствени и безбедносни прописи, истакна поранешниот француски кошаркарски репрезентативец и освојувач на четири шампионски прстени во НБА лигата.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски