Тони Паркер ја заврши кариерата

Од:

Една од НБА легендите, Тони Паркер стави крај на неговата активна кариера. Поранешната ѕвезда на Сан Антонио Спарс признава дека одлучил да се откаже по 18 сезони во најпопуларната кошаркарска лига.

Триесет и седум-годишниот Французин помина 17 години во дресот на Спарс и освои четири титули со тимот, воден од Грег Поповиќ и со ѕвезди како Тим Данкан и Ману Џинобили (2003, 2005, 2007 и 2014 година).

Паркер е шесткратен учесник на Натпреварот на ѕвездите, а минатата сезона ја помина во Шарлот Хорнетс, каде што беше резерва и постигнуваше во просек по 9,5 поени по натпревар. Тој ја заврши својата кариера со просечни 15,5 поени, 5,6 асистенции и 2,7 скока по натпревар.

– Минатата сезона беше многу различна за мене. Поминав прекрасен период во Шарлот. Ова е многу различно за мене после 17 години со Спарс. Знаев дека времињата се менуваат и бев многу носталгичен. А и тоа што бев далеку од семејството во Сан Антонио, тоа исто така, одигра улога, па заклучив дека е дојдено времето за мене да продолжам понатаму, изјави Тони Паркер, цитиран од американските медиуми.

Французинот, кој живее во Сан Антонио, е сопственик и претседател на Асвел, поради кој тој често патува во татковината.

Би можело да ве интересира

Дејвис ќе паузира најмалку еден месец

Ол-стар натпреварот во Индијанаполис 2021 година може да не се одржи

А1он

Дејвис со 46 поени ги предводеше Лејкерс до триумф над Њу Орлеанс

Ленард: Навивачите што ме исвиркуваа всушност ме сакаат

Јокиќ со петти трипл-дабл сезонава, конечно победа за Вориорс

Поранешниот комесар на НБА е во критична состојба