Токио ги претстави маскотите за Олимписките игри во 2020 година

Од:

Организаторите на Олимписките и Параолимписките игри, кои ќе се одржат во 2020 година во Токио, денеска во јапонската престолнина ги претставија маскотите.

Фигурите, за кои гласаа над 100.000 ученици од основните училишта, потсетуваат на јапонскиот манга стрип.

Во гласањето учествуваа над шест и пол милиони ученици , а во потесниот избор влегоа три предлог-решенија. Победи дизајнот на Рио Танигучи, кој нагласува дека се обидел да ги спои традиционалните вредности со футуристичкиот изглед и така да го претстави концептот „иновација преку хармонија“ што е основно лого на игрите во Токио.

Имињата на маскотите дополнително ќе бидат утврдени, по што ќе следи уште една промоција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петмина загинати во леталото на крајбрежната стража кое се судри со изгорениот авион

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Изгоре авион на писта на аеродром во Токио

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Токио: Четири лица се повредени, тројца во тешка состојба

Горан Наумовски

Јапонија им нуди на семејствата по 7500 долари по дете доколу се иселат од Токио

А1он

Јапонија одобри двојно зголемување на воениот буџет до 2027 година

А1он

Токио почна да издава потврди за истополови партнерства