Тодоров поднесе оставка!

Од:

Неочекуван потег се случи во таборот на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје откако тренерот Александар Тодоров, незадоволен од играта на своите избраници и трите порази во низа во Јадранската лига, одлучи да поднесе неотповиклива оставка.

На следниот меч од регионалното натпреварување против Црвена звезда во Скопје тимот од Аеродром ќе биде предводен од нов кормилар, кој според најавите од клубот, ќе биде соопштен во наредните 24 часа.

– Сметам дека оставката е морален чин после натпреварот во Сплит. Скорот од 2 победи и 3 порази можеби е според очекувањата, но начинот на игра на екипата на последните 4 натпревари беше далеку од она што јас како тренер, а и сите симпатизери на МЗТ Скопје го очекуваа. Со оглед на тоа што јас ја правев селекцијата во текот на летото, беше логично и јас да ја поднесам одговорноста, наместо да се отиде во нова реконструкција на екипата. Сепак, интересот на МЗТ Скопје е над сите лични интереси и за доброто на екипата се одлучив на овој чекор. Заминувам од функцијата тренер после 16 поминати месеци со гордо крената глава и со реализација на мојата најголема желба, на 2 мај ги доживеав моите најубави моменти во кариерата и затоа се заблагодарувам на сите играчи кои минатата година ми помогнаа мојата мечта да стане реалност, на сите членови на управата кои ми дадоа шанса да бидам дел од овој проект и на членовите на Фемили Аеродром, без кои ништо немаше да биде возможно – изјави Тодоров.

Претседателот на клубот Сашо Босилков и спортскиот директор Ѓорѓе Војновиќ му изразија срдечна благодарност на Тодоров за постигнатите резултати и успеси, како и за неговата работа во МЗТ Скопје. Босилков ја информира јавноста дека Тодоров и натаму останува во клубот како нов спортски директор, додека Војновиќ ќе остане исто така во управата како потпретседател на клубот задолжен за кошаркарски операции.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ