По убедливиот пораз од ФМП 100:72 во првиот натпревар од второто коло од АБА-лигата, на прес -конференцијата тренерот на МЗТ Скопје Александар Тодоров му честиташе на ФМП за победата.
– Водеше 30 минути, беше подобар тим и во последната четвртина постигна 30 поени или вкупно 100. Нашиот капитен (Дамјан Стојановски) кажа дека не игравме според договореното, тоа е вистина. Но, многу поважно е на начинот на кој излеговме да ги браниме боите на нашиот клуб. Очигледно е дека некои во екипата не знаат дрес на кој клуб го носат. Не е проблем планот на играта, туку борбеноста и пристапот. Го победивме Партизан и помисливме дека сме голем тим. Во последната четвртина стоевме на теренот, рече Тодоров.
Со многу самокритика пред новинарите зборуваше и капитенот Дамјан Стојановски: – Не почитувавме тоа што беше договорено. Треба да се срамиме за начинот на кој игравме и се боревме. Прво јас, па сите останати.
Следниот натпревар од 3.коло од АБА лигата МЗТ Скопје го игра на домашен терен со Задар на 9 октомври.