Тијаго Силва: Се уште не сме ја завршиле работата

Од:

Капитенот на ПСЖ, Тијаго Силва изрази задоволство по победата над Ливерпул (2:1) во натпреварот од петтиот круг од групната фаза на Лигата на шампионите.

Бразилецот призна дека триумфот е остварен на многу тежок натпревар и додава дека се уште не е обезбеден пласманот во следната рунда.

– Фантастична атмосфера. Ова е посебен ден. Ако не победија, нашата позиција би била многу тешка. Ние сме среќни не само за победа, туку и за тоа дека игравме како вистински тим. Но, не е се завршено. Неопходно е да се победи во Белград, каде што не е лесно. Треба да одиграме уште еден совршен меч за да стигнеме до плејофот, изјави Силва.

ПСЖ со победа во последното коло против Црвена ѕвезда ќе обезбеди учество во елиминациите во Лигата на шампионите без оглед на резултатот од дуелот меѓу Ливерпул и Наполи.

Би можело да ве интересира

Голманот на ПСЖ се разбуди од кома во која заврши откако падна од коњ: Работите се подобруваат

Предраг Петровиќ

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Голманот на ПСЖ е во тешка состојба: Коњ го удри во глава, префрлен во болница со хеликоптер

Горан Наумовски

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ

Покрената истрага против ПСЖ