Тиери Анри се пензионира

Од:

Познатиот француски фудбалер Тиери Анри денеска соопшти дека става крај на својата 20-годишна професионална кариера, исполнета со успеси и со признанија.

На почетокот на декември, тој го напушти последниот клуб во кариерата – американскиот Њујорк ред булс.

– Тоа беше неверојатно патување… Би сакал да им се заблагодарам на сите обожаватели, соиграчи и луѓе поврзани со Монако, Јувентус, Арсенал, Барселона, Њујорк ред булс и, се разбира, со францускиот национален тим, со кои сум имал многу посебни моменти… Се надевам дека додека сте ме гледале, сте ја доживувале истата радост што ја доживував и јас додека играв. Се гледаме од другата страна – заврши Тиери Анри, кој се приклучи на тимот од фудбалски аналитичари на „Скај спортс“.

Мета

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ