Кошаркарите на скопски ТФТ претрпеа денеска пораз од хрватскиот тим Горица од 83:64 и на две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната ги загубија шансите за пласман во плеј-офот на АБА 2 лигата.
По 11 одиграни кола, ТФТ има ефект од три победи и осум порази, а на овој последен „балон“ од регуларната фаза, кој се игра во Широки Брег, го чекаат уште два натпревари, в среда против Борац Бања Лука, а својата деби сезона во регионалното натпреварување „црно-белите“ ќе ја затворат на 11. март против лидерот на табелата, Хелиос од Домжале.
Вториот македонски претставник во ова натпреварување, битолски Пелистер, својот натпревар од 11. коло ќе го одигра утревечер против Крка од Ново Место.