Тетекс со нов тренер во обид да се спаси од испаѓање

Од:

Во обид да го избори опстанокот во Втората фудбалска лига – Запад, фудбалскиот клуб Тетекс од денес го ангажираше Ѓорѓи Тодоровски-Џони за шеф на стручниот штаб.

Тој доаѓа на местото на Јовица Кнежевиќ кој си поднесе оставка пред пет дена откако тетовскиот клуб изгуби на домашен терен второпласираниот тим Лабуништа.

– Имаме уште пет натпревари и мораме да победиме во што може повеќе за да се избегне испаѓањето во трета лига. Со Тодоровски сме соработувале во 2013 година кога исто така беше шеф на стручниот штаб и тоа кога бевме во Првата лига, изјави Мирче Блажевски од управата на клубот.

ФК Тетекс е на осмата позиција со три бодови помалку од седмо пласираниот клуб Кораби. Токму битката за седмото место носи опстанок во Втората лига-запад.

Наредниот натпревар во петок 26 април, Тетекс го игра на гости и се среќава со лидерот на табелата Струга Трим Лум.

Би можело да ве интересира

Победи за Шкендија и Ренова на саботните дуели од 3. коло во ПМФЛ

Ана Ололовска

Квалификации за ЛШ: Силекс го доби шампионот на Азербејџан

А1он

Шкупи го претстави новиот тренер Ќатип Османи

Шкендија елиминиран во првото коло

ФФМ со осуда за говорот на омраза кон Алиоски: Омразата не игра на наш терен!

Татјана Ташкова

Комисија на ФФМ донесе одлуки за издавање лиценци