Фудбалерите на Тетекс први изборија пласман во четвртфиналето на Купот на Македонија откако попладнево во дуелот на второлигашите го совладаа Кожуф од Гевгелија со 3:2 во реванш осминафиналето. Првиот натпревар заврши без победник 2:2 и Тетекс е победник со вкупен резултат 5:4.
Тетекс поведе со голот на Емир Азири, а на 2:0 од пенал зголеми Марио Станковски. Гевгеличани со головите на Марјан Ристовски и Ристе Каракамишев изедначија на 2:2. „Златниот гол“ за победа го постигна Енис Дервиши во 70. минута.
Другите реванш осминафинални дуели се играат утре со почеток во 14:30 часот, додека осминафинален дуел Вардар и Шкупи е одложено поради настапите на Вардар во Лига Европа.