Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, се соочува со сериозни проблеми пред натпреварот со Камерун, во второто коло на СП во Катар. На сликарите на „орлите“ во Катар им нема крај. Неизвесен за овој натпревар, како што пренесе „Спорт клуб“ е напаѓачот на Душан Влаховиќ.
Влаховиќ, премиерниот натпревар на Србија на СП, против Бразил, го започна од клупата за резерви. Доби шанса во втриот дел, но повторно почувствувал болка, која била толку силна што едвај го завршил натпреварот.
Ден по натпреварот речиси и да немало подобрување, па настапот на Влаховиќ против Камерун е под знак прашалник. Она што е сигурно е дека тој и на овој меч нема да биде во стартниот состав.
Покрај Влаховиќ не е сигурно дека подготвен за Камерун ќе биде и неговиот соиграч од Јувентус, Филип Костиќ. Вин-бекот, воопшто не играше против Бразил.
Проблем за Пикси прествува и повредата на Сергеј Милинковиќ Савиќ. Офанзивниот играч за врска се повреди на стартот од натпреварот против Бразил. Сепак, во српската репрезентација сите веруваат дека тој ќе игра против Камерун.
Натпреварот Србија – Камерун е закажан за в понеделник, од 11 часот.