Вообичаено е мислењето дека натпреварот за третото место на Светското првенство е речиси егзибициски, особено во споредба со финалето каде што Лионел Меси и Килијан Мбапе се соочуваат во пресметката за титулата. За Хрватска и Мароко, без разлика што мислат другите, натпреварот е од големо значење, наведува The Analyst во најавата за мечот за бронза.
Во истиот текст се наведуваат податоците што ги објави суперкомпјутерот кој ги оценува шансите на екипите да се соочат за бронзата. Според него, има мала предност на страната на хрватската репрезентација, но зголемени се шансите и за Мароко.
Хрватска и Мароко одиграа 0:0 на отворањето на групата Ф. Тогаш суперкомпјутерот му даде на Мароко 24,8 отсто шанса за победа. Сега тој процент е 30,9 отсто. Хрватска и натаму е во предност и шансите за бронза и се 43,1 отсто. Процентот дека мечот ќе заврши без победник е 26 проценти.
Никогаш не се случило мечот за третото место да се решава со удари од белата точка. На досегашните 19 средби за бронзата само еднаш имало продолженија. Во 1986 година, а Франција ја победи Белгија со 4:2.