Суарез неизвесен за Светското првенство

Од:

Најдобриот играч и стрелец на Премиер лигата Луис Суарез од Ливерпул можно е да го пропушти Светското првенство во Бразил.

На тренинг на репрезентацијата на Уругвај, Суарез се пожалил на болки во коленото.

На 20- тина дена со стартот на Мундијалот репрезентативецот на Уругвај ќе мора да направи операција на коленото. Тестовите покажале проблеми со менискусот, па се очекува 27-годишниот напаѓач оваа недела да биде и опериран.

Паузата по ваквата операција е околу четири недели, а Уругвај се наоѓа во тешка група заедно со Англија, Италија и Костарика.

Селекцијата на Уругвај на последното СП во Јужна Африка беше четвртопласирана. Евентуалното отсуство на Суарез селекторот на Уругвај Оскар Табарез ќе го надополни со Диего Форлан и Единсон Кавани.

Би можело да ве интересира

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ