Струга на Захариевски со совршена „петка“ по победата на Силекс

Од:

Струга го продолжи „атомскиот“ старт во македонската Прва лига, откако и покрај тоа што во финишот на мечот беа со играч помалку, стигнаа до 2:1 победа над Силекс за пет победи во пет кола за тимот на Срѓан Захариевски.

Бесарт Ибраими ја донесе Струга во водство во 31. минута со удар од белата точка, но Силекс успеа да израмни преку Марјан Ристовски во 72. минута, а неколку минути подоцна Илиески доби црвен картон за домаќините да останат со играч помалку. Сепак, тие стигнаа до трите поени благодарение на Бунјамин Шабани во 82. минута.

Актуелниот шампион, Шкупи загуби драгоцени поени откако Победа во финишот на мечот успеа да постигне гол за 1:1 и за први поени во шампионатот, додека Шкендија со 3:1 славеше кај Тиквеш за да останат на второто место на табелата. Академија Пандев со високи 3:0 ги совлада Скопје, кои остануваат без поени, додека Македонија Ѓорче Петров и Работнички ги поделија поените со 1:1 реми.

ПРВА ЛИГА, 5.КОЛО
Академија Пандев – Скопје 3:0
Македонија Ѓорче Петров – Работнички 1:1
Шкупи – Победа 2:1
Струга – Силекс 2:1
Тиквеш – Шкендија 1:3

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Левица: Властите – слепи и неми пред екокриминалот на струшкиот брег

Шаќири: Не сум основал медицински факултет во Струга, туку тригодишни студиски програми за медицински сестри

A1on

Поднесено обвинение за Мерко: Назначил в.д директор на училиште кое не ги исполнувал условите

Орце Костов

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески