Стоилов: Заслужуваме полни трибини против Нант

Од:

Капитенот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Стојанче Стоилов од денешната прес-конференција упати апел до навивачите да ги наполнат трибините и да му дадат поддршка на неговиот тим на првиот домашен натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите.

– Досега сезоната се одвива како што посакуваме. Победивме на сите натпревари. Атмосферата во тимот е одлична. Не чека натпревар со Нант. Тежок меч, незгоден противник, но ние сме шампиони и треба така да се однесуваме како шампиони. Одиме на победа. Мал апел до нашите навивачи. Да дојдат да не поддржат, бидејќи заслужуваме и ние како клуб да имаме полни трибини, потенцира Стоилов.

Вардар в сабота го пречекува тимот на Нант за кој игра капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров. Тренерот Раул Гонзалес рече дека очекува тежок дуел со екипа која игра одлична одбрана и има извонредна транзиција.

– Не очекува средба со Нант. Тие играат многу добар ракомет, го победија ПСЖ, а играа добро и против ПИК Сегед. Голманот во претходното коло имаше 22 одбрани. Добри се и во контра напади. И ние сакаме да играме брзо, па ќе видиме како ќе биде на теренот. Очекувам нашите навивачи да не бодрат во обидот да ја продолжиме победничката серија, истакна шпанскиот стратег.

Раул додаде дека екипата е добро подготвена, здравствениот билтен е задоволителен и освен голманот Страхиња Милиќ кој е повреден сите други ќе бидат во комбинација за настап.

Натпреварот Вардар – Нант, во рамките на 2.коло од Лигата на шампионите, ќе се игра в сабота со почеток од 17 часот и 30 минути во СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП