Статуа на Зидан и Матерази пред центарот Помпиду во Париз

Од:

Статуата на која е овековечен гестот на Зинедин Зидан, кога со глава го удри Италијанецот Марко Матераци е изложена пред центарот Жорж Помпиду во Париз.

Минувачите и посетителите на музејот, кој се наоѓа во четвртиот арондисман на Париз многу лесно можат да ја забележат скулптурата на Адел Абдесемед, на кој е претставен ударот со глава на Зизу врз Матераци на светското првенство во фудбал во Германија во 2006 година.

Скулптурата наречена „Удар со глава“ е дело на новата ѕвезда на современата уметност, Алжирецот Адел Абдесемед и таа е дел од изложбата која му е посветена во центарот Жорж Помпиду-Бобург од 3 октомври 2012 до 7 јануари 2013 година.

Склулптурата е висока 5 метри и засега не е позната реакцијата на Зинедин Зидан и Марко Матерази.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ