Стартуваа јужноамериканските квалификации за Мундијалот 2018

Од:

Со поразите на Аргентина и на Бразил ноќеска стартуваа јужноамериканските квалификации за фудбалскиот Мундијал 2018 година во Русија.

Аргентина загуби дома од Еквадор со 2:0, а гостите го искористија отсуството на Лионел Меси, кој не игра поради повреда, и за две минути со головите на Фриксон Еразо (81. минута) и Фелипе Каичедо (82.) стигнаа до триумф.

Шампионот на Јужна Америка, Чиле го победи Бразил на домашен терен со 2:0, а мрежата на „кариоките“ ја затресоа Едуардо Варгас (72.) и Алексис Санчез (88.).

На другите натпревари од првото коло: Боливија – Уругвај 0:2, Колумбија – Перу 2:0 и Венецуела – Парагвај 0:1.

Во второто коло на 13 октомври ќе играат: Еквадор – Боливија, Уругвај – Колумбија, Парагвај – Аргентина, Бразил – Венецуела и Перу – Чиле.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ