Станојковиќ го објави списокот за средбата со Израел

Од:

Вујадин Станојковиќ, в.д. селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година го објави списокот на играчи на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против Израел закажан за 13 август на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

За претпоследниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2015 година во Чешка, Станојковиќ повика 20 фудбалери.

Голмани: Дамјан Шишковски (Работнички), Игор Алексовски (Македонија Ѓ.П.).

Одбрана: Филип Ристевски (Металург), Алекса Амановиќ (Партизан/Телеоптик, Србија), Ѓоко Зајков (Рен, Франција),Егзон Бетулаи (Шкендија), Јасир Асани (Вардар), Кристијан Тошевски (Тетекс), Виктор Талевски (Ајнтрахт, Германија).

Среден ред: Исник Алими (Киево, Италија), Дарко Велковски (Работнички) , Бесмир Бојку (Работнички), Даниел Аврамовски (Црвена звезда, Србија), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), јули Бобан Николов (Виторул Констанца, Романија), Валмир Нафиу (Хамбургер, Германија).

Напад: Марјан Радевски (Металург), Демир Имери (Шкендија), Кире Марковски (Работнички), Таулант Сулејманов (Работнички).

– Во нашиот список на играчи за натпреварот против Израел нема драстични промени во однос на претходните натпревари, но сметам дека промените неизбежно мора да се случат поради крајот на квалификацискиот циклус, како и смената на генерации која ќе ни се случува. Иако ги загубивме шансите за добар пласман во циклусот за ЕП, верувам дека на натпреварот против Израел ќе бидеме сплотени, максимално ќе ги одработиме подготовките и конечно ќе бидеме резултатски на посакуваното ниво, изјави Станојковиќ.

Би можело да ве интересира

Победи за Шкендија и Ренова на саботните дуели од 3. коло во ПМФЛ

Ана Ололовска

Квалификации за ЛШ: Силекс го доби шампионот на Азербејџан

А1он

Шкупи го претстави новиот тренер Ќатип Османи

Шкендија елиминиран во првото коло

ФФМ со осуда за говорот на омраза кон Алиоски: Омразата не игра на наш терен!

Татјана Ташкова

Комисија на ФФМ донесе одлуки за издавање лиценци