Стан Вавринка прв финалист на Ролан Гарос

Од:

Шампионот на Ролан Гарос од 2015 година, Швајвцарецот Стан Вавринка, е првиот финалист на годинашново Отворено првенство на Франција, откако во првото полуфинале го совлада првиот носител и лански финалист Енди Мареј од Велика Британија.

Во маратонски меч, што траеше 4 часа и 34 минути, Вавринка беше подобар со 3-2 во сетови: 6:7 (6:8); 6:3; 5:7; 7:6 (7:3) и 6:1.

Мареј во два наврати водеше со 1-0 и со 2-1 во сетови, но Вавринка успеваше да се врати резултатски и во решавачкиот сет беше доминантен и се избори за свое второ финале на Ролан Гарос.

Вавринка в недела во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале кое е во тек, а играат Рафаел Надал од Шпанија и Доминик Тим од Австрија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ѓоковиќ оди кон 23. грен-слем, преку повредениот Алкараз до седмото финале на Ролан Гарос

Ролан Гарос се огласи за пораката на Ѓоковиќ за Косово

Предраг Петровиќ

Украинската тенисерка исвиркана: Треба да се срамат

Надал нема да игра на Ролан Гарос, испаѓа од Топ 100, тврдат шпанските медиуми

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Сега немаш ништо да ми кажеш? Вавринка остана зачуден: молам?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рекорден 14. трофеј за Рафаел Надал на Ролан Гарос

Ана Ололовска