Вечерва на Светското првенство во Катар ќе бидат формирани сите осмина-финални двојки. На програмата се натпреварите од третото коло во групите Г и Х. Пласман меѓу најдобрите 16 изборија Бразил од Г и Португалија од Х групата.
Натпреварите Бразил-Камерун и Србија-Швајцарија на програмата се од 20 часот. Бразил ја освои првата позиција, додека останатите три селекции имаат шанси за пласман во нокаут рундата.
Фокусот ќе биде на натпреварот Србија-Швајцарија. Ова ќе биде реприза на нивниот дуел од претходниот Мундијал во Русија, кој заврши со победа на Швајцарците 2:1.
Србија само со победа, под услов Камерун да не направи сензација против Бразил, може да ја освои втората позиција.
Денот ќе го отворат мечевите во Х-групата. Слично како и во Г-групата, три селекции се борат за второто место. Бразил е прв, на второто место е Гана, зад нив се Уругвај и Јужна Кореја.
Можно е гол разликата да го одреди вториот патник во осмина-финалето. На Гана против Уругвај и е доволен и еден бод, но само под услов Јужна Кореја да не ја победи Португалија со два или повеќе голови.
Уругвајците само со победа одат понатаму, но доколку Кореја слави над Португалија, тогаш победата на Уругвај мора да биде поголема за најмалку еден гол.
Натпреварите во Г-групата ќе започнат во 16 часот.