„Спортско лето, спорт за сите“ во општина Зрновци

Од:

Општина Зрновци во рамки на програмата за спорт и ова лето шести пат ја реализира спортската манифестација „Спортско лето, спорт за сите“, наменета за жителите од општината и за жителите на соседните општини од регионот.

– Манифестацијата почна синоќа со спортскиот натпревар кој се одржа на новоизграденото повеќенаменско игралиште на влезот во населбата. Секоја вечер ќе се одржуваат по два натпревари во мал фудбал, а финалниот натпревар ќе биде на 2 август, на Илинден, празникот на општината, изјави градоначалникот на Зрновци Блаже Станков.

На турнирот учествуваат 14 спортски екипи од општините Кочани, Зрновци, Виница, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Штип и Дојран. Од наредната година турнирот се планира да добие балкански карактер со учество на екипи од балканските земји.

Во рамките на проектот „Спортско лето, спорт за сите“ ќе се реализира и турнир во шах и велосипедска трка. На најуспешните општината ќе им додели пехари и парични награди. Манифестацијата целосно е финансирана од буџетот на општина Зрновци.

Би можело да ве интересира

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Првото бебе во Зрновци се роди во октомври

Катерина Ѓуровски

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Ана Ололовска

„Спорт за сите“ – Спортски саем во Скопје

Ана Ололовска

Препорака до радиодифузерите најдоцна до 31 декември да воведат коментирање на македонски и на албански јазик

А1он