Спортинг Лисабон ќе го именува својот стадион по Кристијано Роналдо

Од:

Од слабичок тинејџер со коса, која личеше на шпагети, до голгетер бр.1 во историјата на Португалија и Реал Мадрид, во еден момент Кристијано Роналдо ќе треба да слезе од големата сцена. Сепак, тој ќе го направи тоа како еден од најголемите, кои што ги видел фудбалот.

И да ја прослави оваа невидена кариера, неговиот матичен клуб, Спортинг Лисабон, размислува да направи нешто огромно, во чест на „ЦР7“.
Португалскиот весник „О Жого“ информира дека менаџментот планира да го преименува својот стадион по Кристијано Роналдо.

Весникот вели дека претседателот на клубот, Фредерик Варандас веќе преговара со претставниците на Кристијано за идејата. Исто така, се тврди дека одборот на директори ја одобрил оваа идеја.

Италијански „Калчо меркато“ пишува дека Спортинг сака промената да се случи што е можно побрзо.

Новиот стадион се очекува да се нарекува „CR7 Stadium“ или „Alvalade CR7″.

Би можело да ве интересира

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ