Реал Мадрид е проценет на 3,3 милијарди долари и е најскапиот клуб на светот во рангирањето на американското списание за бизнис Форбс.
„Кралскиот клуб“ до врвот стигна со постојано зголемување на приходите во изминатите три години. Само во сезоната 2011/12 Реал заработил 650 милиони долари, а од 2010 до 2013 добивката ја зголемил за 62%.
На второто место е рангиран англискиот шампион Манчестер Јунајтед со проценета вредност од 3,17 милијарди долари.
Третата позиција е за уште една шпанска фудбалска екипа, а тоа е Барселона која Форбс ја проценува на 2,6 милијарди долари. Американскиот безбол клуб Њујорк Јенкис е четврти со 2,3 милијарди долари.
Од европските екипи во ТОП 10 е и премиерлигашот Арсенал со вредност од 1,32 милијарди долари. Актуелниот европски шампион Баерн Минхен е на 12. место со 1,3 милијарди долари, Милан е 37.ми, Челзи 40-ти.
Гигантите во Формула 1 не се во првите 20 најскапи спортски екипи. Ферари е на 24.место, додека Мекларен е на 47-та позиција.