„Специјалниот” не е загрижен

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо не е загрижен што неговиот клуб се уште не успеа да обезбеди пласман во осмина финалето од Лигата на шампиони. Реал Мадрид синоќа одигра нерешено против Борусија и се наоѓа на второ место во групата Д.

„Имам впечаток дека ова е најтешката група досега за Реал, на ова натпреаварување. Кога е ситуацијата таква не можеме да очекуваме, после четири кола да обезбедиме пласман во нокаут фазата. Не сме на дното, туку се наоѓаме на добар пат да поминеме понатаму“, изјави за шпанските медиуми популарано нарекуваниот „Специјален”.

Португалецот во 2004 година ја освои Лигата на шампионите со тимот на Порто, а тоа го повтори и во 2010 година со италијанскиот Интер.

„Не сум суеверен, но два пати кога ги освоив Лигата на шампиони заврши како втор во групата“, вели Мурињо.

На 24-ти ноември Реал гостува кај Манчестер Сити, а во последното коло, 4-ти декември ќе настапи на домашен терен со тимот на Ајакс.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ