Солскјер пред реваншот со ПСЖ: Манчестер имал големи враќања

Од:

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскер, ги искажа неговите очекувања за претстојниот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ.

Првиот натпревар одигран во Манчестер заврши со резултат 2:0 во корист на парижаните.

Манчестер јунајтед имал толку многу големи враќања. Па ние имаме осум победи во низа на гостински терен. Убедени сме во нашите способности, изјави Солскјер. Норвешкиот стручњак соопшти дека Марсијал не е целосно подготвен за натпреварот со ПСЖ.

Не мислам дека можеме да ризикуваме со неговото здравје. Тој се уште не е подготвен, соопшти предводникот на Јунајтед. Натпреварот ќе се игра в среда (6 март) во Париз.

Би можело да ве интересира

Мегваер ќе го пропушти натпреварот на својот тим против Ливерпул

Манчестер Јунајтед оствари рекорден приход во Премиер лигата

Санчо заминува од Манчестер

Предраг Петровиќ

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Британски „Сан“: Манчестер Јунајтед во октомври официјално добива нов сопственик

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ