Солскјер: Де Хеа не е преценет голман, туку најдобриот на светот

Од:

Во последно време критикуваниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, сепак е најдобриот на светот на својата позиција, вели менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјаер.

Де Хеа беше остро нападнат од Рој Кин за неговиот настап во ремито со Тотенхем 1:1 во петокот, кога поранешниот капитен на тимот изјави дека „му е преку глава“ од „најпреценетиот голман на Манчестер Јунајтед“.

Гери Невил неодамна зборуваше за тоа како падот на формата на Шпанецот е сериозен, бидејќи шпекулациите со голамнот кој игра на позајмица во Шефилд Јунајтед – Дин Хендерсон се зголемуваат во последните неколку недели.

Како и да е, Солскјер не се сомнева дека Де Хеа ќе ја врати својата најдобра форма и не смета дека има друг голман на светот кој е на негово ниво.

– Давид е најдобриот голман на светот. Тој дозволи два гола на последните седум натпревари, во кои бранеше за нас. Има два натпревари против Сити, Челси, се разбира, Тотенхем, Евертон – два гола на седум натпревари, бевме во серија од суви мрежи. Голот против Евертон веројатно е грешка. Немаше начин да спаси против Тотенхем. Тој прави одлични одбрани, победува натпревари за нас и јас сепак мислам дека тој е најдобриот голман на светот. Давид навистина цврсот работи. Тој не прави грешки што се случуваат одново и одново. Тој е конзистентен во тренинзите и јас сум многу задоволен од неговата работа, изјави Норвежанецот.

Би можело да ве интересира

Мегваер ќе го пропушти натпреварот на својот тим против Ливерпул

Манчестер Јунајтед оствари рекорден приход во Премиер лигата

Санчо заминува од Манчестер

Предраг Петровиќ

Британски „Сан“: Манчестер Јунајтед во октомври официјално добива нов сопственик

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Манчестер јунајтед бара 60 милиони евра за Мегваер