Солскјаер во обид да стане тренер на турски Бешикташ

Од:

Норвешкиот фудбалски тренер Оле Гунар Солскјаер преговара со турски Бешикташ, објавија британските медиуми.

Солскјаер е без работа откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во октомври 2021 година, а Бешикташ е во потрага по менаџер откако го отпуштија Џовани ван Бронхорст во ноември минатата година.

„Нашата компанија започна преговори со Оле Гунар Солскјаер за позицијата технички директор на А фудбалската екипа“, се вели во соопштението на Бешикташ.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, тоа е функцијата главен тренер што Ван Бронхорст ја вршеше до ноември минатата година.

Солскјаер го замени Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“ во декември 2018 година, а во март следната година потпиша тригодишен договор.

Тој ја заврши сезоната 2020/2021 на второто место во поредокот во Премиер лигата, а финалето на Лига Европа го загуби на пенали од Виљареал. Доби отказ по серијата лоши резултати.

Пред англискиот клуб, Солскјаер работеше во Молде и во Кардиф.

Како играч, тој помина 11 сезони во Манчестер Јунајтед, од 1996 до 2007 година и постигна 126 голови. Освои бројни трофеи, меѓу кои шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите во 1999 година, кога беше стрелец во финалето против Баерн Минхен (2:1).

Би можело да ве интересира

Бесар Гуџуфи потпиша четиригодишен договор со Бешикташ

Манчестер Јунајтед го потврди отказот: Солскјер секогаш ќе биде наша легенда

Катерина Ѓуровски

Шкупи договори пријателски натпревар со Бешикташ

А1он

Младиот македонски фудбалски талент Бесар Гуџуфи потпиша за Бешикташ

Жарко Настоски

Солскјер има три желби за јануарскиот преоден рок

Жарко Настоски

Солскјер: Подобро без напаѓач, отколку со Лукаку

А1он