Бесар Гуџуфи потпиша четиригодишен договор со Бешикташ

Од:

Македонскиот младински репрезентативец Бесар Гуџуфи потпиша професионален договор со турскиот гигант Бешикташ. Младинецот на Вардар кој сениорски фудбал заигра во Беласица и брзо замина во Бешикташ, сега потпиша четиригодишен договор со клубот од Истанбул.

„Нашиот клуб потпиша професионален договор со Бесар Гуџуфи, играчот за врска од Македонија, роден 2004 година. Успех му посака генералниот директор и спортски директор на Академијата на Бешикташ, Џејхун Казанчи, со кого се сретна во канцелариите на клубот“, се вели во соооштението на Бешикташ.

Гуџуфи е еден од најголемите македонски фудбалски таленти, израсна во академијата на Вардар, а во сениорска конкуренција заигра за Беласица, од каде се пресели во турскиот Бешикташ.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 17-годишен тинејџер колабираше по натпреварот и почина во соблекувалната

Горан Наумовски

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Најлудото дерби, тепачки и целосен хаос: Седум црвени и девет жолти картони

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Скандал: Џака како Зидан, удри противник со глава

Ана Ололовска

Почина легендарен шпански фудбалер

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Општа тепачка по дербито на Јувентус и Интер

Предраг Петровиќ