Солари за Иско: Не одговарам на сите шпекулации

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, не одговори конкретно на неколку прашања во врска со ситуацијата со Иско.

Андалузискиот играч од средниот ред не започнал како стартер од доаѓањето на Аргентинецот на „Сантијаго Бернабеу“.

– Јас не одговорам на сите шпекулации. Имаме 24 професионалци. Јас го правам она што мислам дека е најдобро за клубот. Сите ние сме важни, сите ние сме Реал Мадрид, изјави тренерот на прес-конференција пред утрешниот меч со Валенсија.

Во однос на мечот од Ла Лига, Солари смета дека Валенсија е многу организиран тим, тактички подготвен и прима малку голови.

– Важно е да се концентрираме на нашата игра. Треба да бидеме агресивни во последната четвртина од теренот, додаде Солари.

Реал Мадрид ги пречекува „лилјаците“ утре во 20,45 часот.

Би можело да ве интересира

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ