Солари останува на „Сантијаго Бернабе“ до 2021 година

Од:

Сантијаго Солари ќе го води Реал Мадрид до летото 2021 година, соопшти мадридскиот клуб на својата интернет страница.

Досега се сметаше дека договорот на поранешниот фудбалер на тимот ќе биде до крајот на сезоната, со опција и за следната сезона.

Сепак, по четирите последователни победи, раководството на клубот оцени дека тој е вистинската личност за позицијата и како резултат на тоа му понуди договор за две и пол години.

– Одборот на директори на Реал Мадрид, кој се собра денеска, се согласи да го назначи Сантијаго Солари за тренер на првиот тим до 30 јуни 2021 година, пишува на сајтот на кралскиот клуб.

Аргентинецот го стабилизира Реал по серијата лоши резултати кои кулминираа со поразот од 1:5 на теренот на Барселона, но сега тимот повторно започна да бележи победи, откако постигна 15 гола во последните четири натпревари, а во првенството разликата до лидерот ја намали на само четири бода.

Би можело да ве интересира

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ