Солари: Многу пати Реал излегувал од огнот и секогаш се враќал посилен

Од:

Новиот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари сака што поскоро неговиот тим да го заборави поразот од Еибар со 0:3 во саботата, што би можело да се случи уште утре вечер со добра игра и резултат против Рома во Лигата на шампионите.

– Многу пати во историјата Реал излегувал од огнот и секогаш се враќал посилен. Вистината секогаш е во утрешниот ден – во она што претстои и на што можеме да влијаеме, вели Солари.

Рома и Реал изгледаат сигурни за осминафиналето, а дуелот на „Олимпико“ може да го утврди крајниот победник во групата.

– Треба да ја покажеме играта што секогаш ја покажуваме во ЛШ. Можеби ова се чини лесна задача, но всушност не е така, вели тренерот.

Тој уверува дека се потпира на Иско, иако ниту еднаш во досегашните пет средби како тренер не го вклучи во стартниот состав.

Солари не ја одмина и темата за наводната позитивна допинг контрола на Серхио Рамос.

– Серхио е чесен човек и симбол на Реал. Секој од нас треба да го заштити, вклучувајќи ги и новинарите, изјави Солари.

Би можело да ве интересира

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ