Снајдер: Ако 100 отсто бев посветен на фудбалот, ќе бев на исто ниво со Меси и Роналдо

Од:

Поранешниот играч од средниот ред на Ајакс, Интер и Реал Мадрид, Весли Снајдер е убеден дека не го прикажал во целост својот потенцијал. 35-годишниот Холанѓанец ја заврши кариерата оваа година, но не жали за ништо.

– Ако му дадов 100% на фудбалот, би можел да бидам на исто ниво со Меси и Роналдо, но не го сакав тоа и не жалам за тоа. Бев професионалец, но во животот има и други нешта освен фудбалот, како што е и кај секоја друга професија. Задоволен сум од постигнатото во мојата кариера, изјави Снајдер.

Во текот на кариерата тој има освоено бројни трофеи, а беше шампион во Холандија, Италија, Шпанија, има трофеј со Интер во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Со репрезентацијата на Холандија најголем успех му е финалето на Мундијалот во 2010 година.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ