Скопје домаќин на 44. Меѓународен турнир „Златен Гонг“

Од:

Традиционалната манифестација, 44. Меѓународниот боксерски турнир „Златен Гонг“ на 6 и 7 ноември ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Покровител на оваа манифестација е Агенцијата за млади и спорт (АМС).

Директорот на АМС Марјан Спасески на денешната прес-конференција рече дека овој турнир е симбол на препознатливост на нашата земја.

– Традиционалните вредности се обележјето на секоја земја, тие претставуваат симбол на препознатливост и како такви мораме да ги негуваме. Таква манифестација е и боксерскиот турнир „Златен Гонг“ која е симбол на препознатливост на Македонија и придонесува за дополнителна промоција и афирмација на државата во меѓународни рамки. Токму со оддржувањето на “Златниот Гонг” ние ја продолжуваме традицијата на големи светски настани оддржани во Република Македонија. Посветеноста и заложбата на сите страни вклучени околу организацијата на  овој настан, го издигна “Златниот Гонг” на ниво на домашен спортски бренд од светски размери, истакна Спасески.

Агенцијата за млади и спорт секоја година финансиски го помага овој турнир, а годинава одвои 1,1 милион денари за организацијата на „Златен Гонг 2014“.

Според најавите на турнирот учество ќе земат вкупно 50 натпреварувачи од 11 земји: Англија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија, Романија и домаќинот Македонија.

Македонската селекција ќе ја сочинуваат девет боксери, кои ќе се натпреваруваат за еден од трите пехари и тоа: најпрестижниот Златен гонг за најдобар боксер, пехар за најдобар техничар и пехарот за најдобар Македонски боксер. Пехари ќе добијат и најдобриот тренер, најдобриот судија и најдобриот странски боксер.

Полуфиналните борби и Свеченото отворање на турнирот ќе бидат в петок од 16 до 21 часот. Во сабота од 11 часот почнуваат финалните мечеви, а потоа следува поделбата на трофеите и затворањето на турнирот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ