ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Од:

Спектакуларниот UFC 300 кој се одржа во Лас Вегас минатиот викенд се уште се раскажува.

Бразилецот Алекс Переира ја потврди својата доминација со брутален нокаут над Џамахал Хил.

Но, дури и неговата специфична прослава на победата која стана хит на социјалните мрежи не беше деталот што ја одбележа саботата вечер во Лас Вегас.

Тоа беше Макс Холовеј и неговиот неверојатен нокаут против Џастин Гејџи.

Холовеј го нокаутираше поранешниот шампион буквално во последната секунда од борбата.

Но, тоа не е она што го прави овој нокаут еден од најдобрите во историјата.

Туку довербата на Холовеј непосредно пред да влезе во отворена размена на удари со својот ривал.

Холовеј буквално му кажа на Гејџи каде ќе го „патосира“, а потоа по жестоката пресметка со тупаница го нокаутираше со десно кроше.

Нема сомнеж дека ова е можеби најдобриот нокаут во историјата на ММА и покрај жестоката конкуренција.

Но, многумина го сметаат за најдобар воопшто во историјата на сите боречки вештини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја

Интензивно соочување Усик-Џошуа пред саботната пресметка