Скариоло прв фаворит за наследник на Ортега

Од:

Италијанецот Серџо Скариоло е најсериозен кандидат за селекторското место на шпанската кошаркарска репрезентација кое остана празно по оставката на Хуан Антонио Оренга, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Скариоло и претходно ја има водено „црвената фурија“, а во моментов е без ангажман, откако летово му истече договорот со екипата на Лаборал.

Италијанскиот стручњак селекторската функција на Шпанија ја извршуваше во периодот 2009-2012, време за кое освои две злата на Европските првенства и едно сребро на Олимписките игри во Лондон.

Шпанија беше домаќин на неодамна завршеното Светско првенство и иако покрај САД важеше за најголем фаворит за трофејот, на крајот остана без медал. Во четвртфиналето Шпанците беа елиминирани од Франција.

Би можело да ве интересира

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ