Скандал: Дива продажба на билети за Олимписките игри

Од:

Скандалот со дивата продажба на билети за Олимписките игри во Лондон може да го одложи почетокот, затоа што истрагата за вмешаноста на повеќе од 54 земји се уште не е завршена.

Скандалот го открија новинарите на „сандеј тајмс“ кои се преставиле како посредници од Блискиот Исток барале да купат билети.

Една третина од 204 земји се под сомнение дека ги прекршиле правилата. Меѓународниот олимписки комитет вети дека ќе ги испита наводите на „Сандеј тајмс“, за 54 земји кои беа подготвени да продадат илјадници неовластени билети по цени до 6.000 фунти.

МОК соопшти дека тврдењата се многу сериозни и ако се докажат дека се вистина организацијата ќе се справи на соодветен начин.

1,1 милион билети се пуштени до локалните комитети на 204 земји учеснички. Правила на МОК забрануваат билетите да се продаваат по повисоки цени, да се редистрибуираат во други земји или да се препродаваат од неовластени продавачи.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он