Скалони: Најголема болка е тоа што не го тренирав Меси

Од:

Времениот селектор на Аргентина, Лионел Скалони изјави дека неговата најголема болка во периодот на чело на тимот била дека не можел да ја тренира суперѕвездата Лионел Меси.

По елиминацијата на „албиселесте“ во осминафиналето на Мундијалот во Русија (од Франција 3:4), Меси го објави своето времено повлекување од националниот тим. Се уште не е јасно дали петкратниот освојувач на „Златната топка“ ќе го облече повторно дресот на својата татковина.

– Секогаш работиме ослободено и објективно ја формираме групата со која ќе играме. Но сепак тоа што не можев да бидам тренер на Меси е нешто како коска во грлото. Со сето останато се справуваме добро и го правиме она што треба. Зборуваме со Меси. Но не и за неговата иднина. Напротив зборуваме за натпреварите на Аргентина, рече Скалони.

Скалони застана на чело на тимот по оставката на Хорхе Сампаоли, кој исто така си замина по неуспехот на Светското. Договорот на поранешниот играч со аргентинската федерација е до крајот на 2018 година, па во пријателскиот дуел против Мексико тој ќе го води тимот за последен пат.

Досега под негово раководство Аргентина забележа три победи, едно реми и еден пораз.

Се уште не е јасно кој ќе го замени, а можно е дури Скалони да остане на чело на тимот. Ова ќе биде објавено на почетокот на 2019 година.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот